Вучиќ го повлече законот за одземање на земја со надомест, но протестите продолжуваат

Собранието на Србија ги усвои денес измените на Законот за референдум и народната иницијатива, со што делумно се исполнети барањата на двонеделните протести, а организаторите на протестите за утре најавија нови собири и блокади на сообраќајниците во Белград и повеќе градови низ Србија.

EPA-EFE

Повлекувањето на Законот за експропријација и Законот за референдум го бараа илјадници демонстранти во граѓанското движење Еколошко востание, блокирајќи ги две саботи по ред сообраќајниците во над 50 градови во Србија и автопатот низ Белград.

Владата реши да ги повлече од парламентарната процедура Законот за експропријација и му предложија на парламентот измени и дополнувања на Законот за референдум и народната иницијатива, а таа одлука потоа ја потврди и српскиот претседател.

Експропријацијата предвидуваше дека во јавен интерес на луѓето може да им се одземе земја со надомест, во што се гледа опасност од можно отстапување на меѓународниот конзорциум Рио Тинто или компании со исти намери.

Со усвоените измени на Законот за референдум е одредено дека парламентот дури по четири години од денот на референдумот може да донесе акт спротивен на прашање потврдено на референдум или со измени на тој да ја измени суштината на потврденото прашање за кои граѓаните се изјаснувале.

Во Законот, меѓутоа, остана одредбата дека излезниот праг не мора да биде 50 отсто плус еден, што во јавноста се гледа како можност за злоупотреба бидејќи практично и мал број излезени може да донесат одлука во име на стотици илјади граѓани. Власта претходно најави дека „народот ќе одлучува“ и за копањето литиум.

Ако граѓаните на референдум донеле одлука против потврдувањето на актот, односно прашањето кое било предмет на изјаснување, за тоа прашање не може повторно да се одлучува на референдум во рок пократок од четири години од денот на одржувањето на референдумот.

Со измените на Законот укинат е и предвидениот надомест за заверка на потписите.

Притиснат од бранот незадоволство на десетина илјади луѓе кои две последователни саботи на половина час ги блокираа сообраќајниците, српскиот претседател минатата недела во обраќање до јавноста порача дека „Србија никогаш нема да биде во каква било граѓанска војна“ и дека „не му паѓа на памет да ја слуша улицата и да ѝ служи на улицата“.

Протестите ги почна движењето Еколошко востание, кое обединува десетина невладини здруженија и организации, а владејачките партии ги обвинуваат за политички амбиции и обид за уривање од власта на Александар Вучиќ.

Со одлуките на владата за повлекување на Законот за експропријација и со измените на Законот за референдум делумно е исполнет поголем дел од нивните барања, а клучното е сопирање на проектот на меѓународниот конзорциум Рио Тинто, со кој се планира ископување литиум во западна Србија, што демонстрантите го сметаат за голема закана со уништување илјадници хектари плодно земјиште и загрозување на животната средина.

Вучиќ во средата објави дека од процедура се повлекува Законот за експропријација, но копањето не е сопрено, односно истражувањата се формално во тек.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе

Грејната сезона заврши во месец април како и секоја година, но последнава беше со многу проблеми кои произлегоа од енергетската криза, од војната во Украина и генерално од светската економска криза.

повеќе