Вучиќ гневен на ЕУ поради Косово: Не можете така да разговарате со Србија

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека го отфрлил предлогот на западната петорка (САД, Британија, Германија, Франција и Италија) и ЕУ за компромисно решение за кризата на северот на Косово, истакнувајќи дека е „сит од политиката на свршен чин“ и дека Белград бара повлекување на полицијата од северот на Косово.

EPA-EFE

„Тоа е решение со кое тие би заборавиле 70 отсто од она што намераваат да го прават Албанците на административната линија, но би вовеле 20-30 отсто мерки. Добив за одбивањето согласност од советот за национална безбедност и го отфрлив тоа бидејќи сум сит од политиката на свршен чин. Не можете така да разговарате со Србија“, кажа Вучиќ.

Единици на косовската специјална полиција РОСУ во понеделникот беа распоредени во близина на двата премини на северот на Косово – Јариње и Брњак – каде ја обезбедуваат примената на указот на властите во Приштина да издаваат привремени таблички на граничните премини за автомобилите кои од Србија влегуваат на косовска територија со српски таблички.

Премиерот на Косово Аљбин Курти кажа дека „воспоставувањето реципроцитет за поставување привремени косовски таблички за автомобилите со српски регистарски ознаки не е желба на Косово, туку наметнување на Србија“.

Приштина смета дека таа акција е легитимна и дека одлуката е донесена „во договор со меѓународните партнери“, додека Белград инсистира дека акцијата е еднострана и надвор од потпишаните договори, но признава дека рокот од договорот за табличките од 2016 истекол на 15 септември.

Ситуацијата на премините сега е мирна, сообраќајот е сопрен, наспроти полициските единици протестираат стотици граѓани, но инциденти нема, јавуваат српските медиуми.

Вучиќ вчера кажа дека Србија „ќе продолжи да инсистира на зачувување на мирот и стабилноста“ и дека „нема да прифати загрозување на безбедноста на српското население“, истакнувајќи дека во фокусот е примената на Бриселскиот договор.

Тој истакна дека „како и да се реши“, актуелната криза ќе биде надмината „без понижување на Србија“.

„Јас сум тој кој одби, не се согласувам на безобразлук, поддршка за криминалот и за понижувањето на Србија“, кажа Вучиќ, истакнувајќи дека Белград бара од ЕУ „да одговори дали и понатаму постои Бриселскиот договор“.

Советот за безбедност по вчерашната седница побара повлекување на сите сили од северот на Косово и враќање на претходната состојба за потоа двете страни да се вратат на продолжување на преговорите во Брисел.

Србија е спремна да го продолжи дијалогот, но нема да прифати наметнување на едностраните одлуки на Приштина, кажа Вучиќ.

Договорот за принципите за нормализација на односите на Белград и Приштина беше постигнат во Брисел под покровителство на ЕУ и тогашната шефица на европската дипломатија Кетрин Ештон, а на 19 април 2013 го потпишаа тогашните премиери на Србија Ивица Дачиќ и на Косово Хашим Тачи.

Со договорот беше предвидено формирање на Заедница на српски општини на Косово, која требаше да биде формирана по локалните избори на 3 ноември 2013 година, што до денес не е направено со противење на косовските власти и тврдења дека тоа би бил „ентитет со извршни овластувања“ како Република Српска во БиХ.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе