Вучиќ до Курти: Не можете да ја навредувате Србија, не претставувате држава

„Не можете да ја навредувате Србија, вие не претставувате држава“, му кажа српскиот претседател Александар Вучиќ на косовскиот премиер Аљбин Курти.

Курти на безбедносната конференција во Минхен го критикуваше балканскиот „мини шенген“ и, како што јавуваат српските медиуми, кажал дека „Србија треба да се ослободи од Косово“.

Како што јавува српски Курир, повикувајќи се на неименувани извори, Курти кажал и дека Приштина на Србија ќе ѝ воведе реципрочни мерки, на што српскиот претседател му одговорил: „Не можете да ја навредувате Србија“.

Вучиќ, обраќајќи му се на Курти, додал:

„Не претставувате држава. Половина свет, членки на Обединетите нации, не ве признава, а ако зборуваме за територија и повеќе. Ако продолжите со навредите, во ред е. Ние ќе направиме сѐ за да се одржат мирот и стабилноста, нема да нѐ испровоцирате. Со понижувањето на нашите напори околу мини шенгенот... јас не ве разбирам“, кажал српскиот претседател, и констатирал дека таа иницијатива за Курти е „преголем предизвик“.

Тој додал дека Курти, ако размислува за мерки на реципроцитет, треба да го прочита Бриселскиот договор..

„Таму пишува дека мора да формирате Заедница на српски општини. Тоа ви беше единствената обврска и ништо не направивте“, кажал Вучиќ, на што Курти не одговорил.

Панелот за западен Балкан се одржува зад затворени врати.

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе