Вучиќ: Црногорскиот премиер зборува ноторни невистини, црногорската независност не е загрозена

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека зградата на амбасадата на Црна Гора за време на вчерашниот протест била заштитена.

Тој додаде дека црногорскиот премиер Душко Марковиќ изнесува ноторни невистини за вчерашниот настан, како и кога вели дека е загрозена независноста на Црна Гора.

Вучиќ порача дека Црна Гора не мора да ја штити независноста, бидејќи никој не ѝ ја загрозува, но дека не може да ги присвојува српските храмови.

„Ние нема да ви ја загрозуваме независноста, нема да војуваме, нема да се судираме со вас. Не го лажете својот народ дека ви е загрозена независноста, вие сте тие што ги загрозивте храмовите кои не се ваши, не ѝ припаѓаат на полицијата ни на владата на Црна Гора, туку на Српската црква“, кажа Вучиќ.

Вучиќ ова го кажа како реакција на твитот на црногорскиот премиер, кој напиша дека синоќа во Белград се случил „уште еден нецивилизиран напад врз амбасадата и знамето на Црна Гора“, дека е вџашувачки односот на властите на Србија и дека Црна Гора е пред уште еден предизвик на одбрана на независноста и слободата.

„Како била загрозена кога ја штитевме амбасадата, како што знае и нивниот амбасадор? Тоа со знамето не е за пофалба и нешто со што се гордееме, но како тоа не била заштитена амбасадата? Црногорскиот премиер зборува ноторни невистини, но да не зборуваме колку и што му направија на српскиот народ и што му прават секој ден“, кажа Вучиќ.

Тој истакна дека реакцијата на Марковиќ е претерана и забележа дека идејата на црногорскиот премиер е можеби пред изборите кои следат да ги обедини црногорските партии и да ја прикаже Србија како свој единствен непријател.

„Не победувале еднаш така на изборите, но јас мислам дека тоа е неодговорно“, кажа Вучиќ.

„Србија нема да нападне, Србија сака да има најдобри односи со Црна Гора, братска Црна Гора, единственото нешто што го сакаме се поголеми плати“, истакна српскиот претседател.

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе