Тој го одговори тоа коментирајќи ја изјавата на претседателот на владата на Црна Гора Здравко Кривокапиќ дека премиерката на Србија Ана Брнабиќ „има кој да ја дочека“ во Подгорица.
„Сè останато нема да го коментирам. Ќе направиме нешто. Не го протера Србија нивниот амбасадор, тие го протераа нашиот амбасадор. Ќе се среди тоа. Црна Гора ни е една од најблиските земји и нема тука голема филозофија“, кажа Вучиќ за РТС.