Вооружена банда во Хонг Конг украла ролни тоалетна хартија, во градот зафатен со панично купување

Вооружени разбојници кои украле стотици ролни тоалетна хартија во Хонг Конг ги бркала полицијата, во градот во кој владее недостаток на производи предизвикано со паничното купување поради стравот од коронавирусот.

Полицијата соопшти дека рано во понеделникот пред супермаркет во Монг Кок тројца мажи со ножеви му се заканувале на возач на камион, во населба на работничка класа позната по „тријадите“ банди на организиран криминал.

„Тројца мажи со ножеви му се заканувале на мажот за испорака, и од него одземале тоалетна хартија во вредност од повеќе од 130 долари“, изјави портпаролот на полицијата за АФП.

Ролните тоалетна хартија станале реткост во густо населениот деловен центар, и покрај владините уверувања дека снабдувањето нема да биде нарушено со појавата на вирусот.

Супермаркетите не можат доволно брзо да ги наредат производите, што доведува до долги редици и испразнети полици моментите по отворањето.

Покрај тоалетна хартија, граѓаните на Хонг Конг масовно купуваат ориз, тестенини, средство за дезинфекција на раце и други средства за чистење, а речиси невозможно е да се набават заштитни маски и ракавици.

Се затвораат цркви, но се отвораат кладилници.

повеќе

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе