Самитот на НАТО ќе се фокусира на „последиците од руската инвазија на Украина, нашата силна поддршка за Украина и зајакнувањето на одвраќањето и одбраната на НАТО пред новата реалност за нашата безбедност“, рече Столтенберг.
Генералниот секретар на НАТО додаде дека во овој критичен момент северниот дел на Америка и Европа треба да продолжат да бидат заедно во Алијансата.
Белата куќа соопшти дека Бајден ќе учествува на самитот на ЕУ, на кој меѓу другото ќе се разговара за Русија и за хуманитарната помош.
Офанзивата на Русија против Украина беше интензивирана денеска со серија воздушни напади врз Киев, и покрај продолжувањето на руско-украинските преговори и отстапката на украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој изрази спремност неговата земја да се откаже од НАТО-членството.