Војската на БиХ ќе ги замени руските хеликоптери со американски

Вооружените сили на Босна и Херцеговина се во процес на набавка на американска воена опрема што треба да ја замени руската технологија и вклучува набавка на хеликоптери и борбени возила „хамви", потврди началникот на Генералштабот на вооружените сили на БиХ, генерал Сенад Машовиќ.

Фото: ЕПА

„Започна производството на хеликоптерите за потребите на вооружените сили на БиХ и очекуваме да биде целосно имплементирано, во согласност со она што е потпишано и дефинирано и зад што стои американската влада“, рече генералот Машовиќ за сараевскиот „Дневни Аваз“ во вторникот.

Највисокиот офицер на војската на БиХ објасни дека добил потврда дека во САД е започнато производството на четири хеликоптери, кои неговата земја ги купува со финансиска поддршка на американската влада.

Вооружените сили на БиХ на тој начин ќе добијат четири нови хеликоптери од типот „хјуи втори“, произведени од корпорацијата Бел.

Станува збор за повеќенаменски летала наменети првенствено за превоз на луѓе и товар, но исто така и за медицинска евакуација и гаснење пожар.

Хеликоптери од овој тип се нова генерација, односно наследник на леталата со ознака УХ1-Х, кои станаа планетарно познати поради улогата што ја играа за време на војната во Виетнам.

Четири такви нови летала чинат 38,5 милиони долари, а БиХ за нив ќе плати 4,36 милиони долари, додека остатокот од трошоците ќе ги плати американската влада.

Генералот Машовиќ не прецизираше кога треба да се испорачаат хеликоптерите во БиХ, но тој посочи дека сè се одвива според планот и дека нема потешкотии и одложувања.

Договорот за набавка на овие хеликоптери во 2019 година го потпишаа тогашната министерка за одбрана на БиХ Марина Пендеш и американскиот амбасадор во Сараево Ерик Нелсон, а исто така вклучува обука на пилоти, резервни делови и потрошен материјал за двогодишен период на експлоатација.

Покрај хеликоптери, БиХ од САД ќе набави и 28 специјални воени возила од типот хамви, од кои некои ќе бидат оклопни.

Стејт департментот појасни дека оваа поддршка за модернизација на војската на БиХ е дел од целокупниот проект со кој Соединетите држави се обидуваат да ги зајакнат сојузниците и партнерите за да спречат агресија, да ги намалат заканите и да одржат поволна регионална стратешка рамнотежа.

„Стејт департментот промовира меѓународната американска одбранбена продажба и ги охрабрува европските партнери и сојузници на НАТО да ги модернизираат своите армии со изградба на интероперабилни сили на НАТО со отстранување на руска и советска опрема од нивните сили“, се вели во соопштението на Кабинетот за политичко-воени работи на американското министерство за надворешни работи.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

 Еврообврзница во услови на најголемата светска економска криза за репрограмирање на долгот и буџетска поддршка.

повеќе

Повикот на Заев за „Влада за национален спас“ само три дена откако неговиот кабинет ја доби собраниската доверба, покажува дека таа тешко би се качила над сегашните 62 пратеници.

повеќе

Богатите држави мораат веднаш да донираат вакцини против ковид-19 на загрозените држави. 

повеќе