Во Украина многу лекари не се појавиле на вакцинација, вакцините морало да се фрлат

Украинските медицински установи фрлиле дел неискористени вакцини против ковид-19 откако лекарите не се појавиле на договорените термини за вакцинирање, соопштија во понеделникот пратениците од владејачката партија.

Фото: ЕПА

Украина штотуку почна да ги вакцинира своите 41 милион жители против ковид-19 откако минатата недела ја доби првата пратка од 500.000 дози од вакцината на Астра зенека, но се соочува со скептицизам кон вакцината.

Владата му даде приоритет на вакцинирањето на медицинските работници што се на првата линија, но статистичките податоци покажуваат дека 47 проценти од Украинците не сакаат да се вакцинираат.

За нас е важно да разбереме зошто лекарите одбиваат да се вакцинираат, рече на телевизискиот состанок Олександар Корниенко, лидер на партијата Слуга на народот на претседателот Володимир Зеленски.

„Тоа е многу лошо, но нема друга опција... ако некое лице не дојде, шишето со вакцината може да се чува отворено два или три часа, по што мора да се фрли“, рече претседателот на парламентарниот здравствен комитет, Михајло Радуцкиј.

Вкупно 3.141 доза се администрирани до 28 февруари, вклучувајќи 90 вакцини во последните 24 часа, според податоците на Министерството за здравство.

Министерот за здравство Максим Степанов рече дека владата работи на спречување на фрлањето вакцини, додавајќи дека тоа се случува и во други земји.

Тој беше вакциниран на телевизија во понеделникот и рече дека и Зеленски наскоро ќе биде вакциниран.

„Со мојот пример докажав дека вакцината со која сме вакцинирани е апсолутно безбедна и ефикасна“, рече тој.

Недовербата кон вакцините во Украина овозможи појавата на сипаници во 2019 година да прерасне во епидемија.

Бројот на заразени се зголеми по затишјето за време на строгиот карантин во почетокот на годинава, особено во Киев и западна Украина, каде што владата формираше подвижни болници за борба против наглиот пораст на бројот на заразените.

До 1 март, Украина забележа 1,3 милиони заразени и 26.050 починати.

Во северниот град Чернихив само 87 од 280 лекари се согласиле да бидат вакцинирани, објави на 24 февруари на Фејсбук секретарот на градскиот совет.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе

Вакцинирањето преку ред, слабата стратегија и лошата комуникација со јавноста ги обележаа првите месеци на вакцинирање во Хрватска која во моментов е близу дното на ЕУ во однос на процентот на вакцинирана популација. 

повеќе