Турција

По 238 дена штрајк со глад почина турска адвокатка, во моментот на смртта тежела 30 килограми

По 238 дена штрајк со глад во Истанбул почина турска адвокатка за човекови права, која така барала „фер судење" по осудата за тероризам.

Фото: Твитер

„Почина Ебру Тимтик од нашата правна фирма“, напишаа нејзини колеги на Твитер. Имаше 42 години.

Минатата година, таа била осудена на повеќе од 13 години затвор поради „припадност на терористичка организација“. Во февруари, барајќи нов процес, таа започнала штрајк со глад.

„Ебру Тимтик пиеше само засладена вода, билни чаеви и витамини, а за време на нејзината смрт тежеше 30 килограми“, соопшти нејзиното семејство.

Во петокот дошло до краток судир меѓу луѓето блиски до адвокатите и полицијата кога возилото од судска медицина поминувало со нејзиното тело.

Полицијата употребила солзавец и со штитови ги оттурнала насобраните, јавува АФП.

Сепак, пред затворот во петокот, било организирано оддавање почит, а потоа и погребна молитва.

Стотици луѓе скандирале „Ебру Тимтик е бесмртна“, пренесува АФП.

Покрај Ајтак Унсала, кој исто така штрајкувал со глад во затвор, Ебру Тимтик била член на Здружението на современи правници, специјализирани за одбрана на политички чувствителни случаи.

Турските власти го обвинуваат здружението дека е поврзано со марксистичко-ленинистичката организација ДХКП-Ц, група која извршила неколку атентати и која Анкара и нејзините западни сојузници ја нарекуваат „терористичка“.

Ебру Тимтик, меѓу другите, го претставувала семејството на Беркин Елван, младо момче кое починало во 2014 година од повредите здобиени за време на антивладините протести во паркот Гези во 2013 година.

Минатиот месец, истанбулскиот суд одби да ја ослободи Ебру Тимтик, и покрај медицинскиот извештај.

Слично барање било поднесено до Уставниот суд во август, исто така без успех.

Во јули, Ебру Тимтик и Унсала биле префрлени во две болници.

Смртта на адвокатката шокираше многу претставници на граѓанското општество во Турција и Европа.

Легенда под Главна слика

Фото: Твитер

Веќе е јасно дека светот никогаш нема да биде ист по завршувањето на пандемијата и дека последиците ќе креираат нови образовни можности.

повеќе

Време е да се слушнат мислењата на 30-те компании кои најдобро се справуваат со кризата.

повеќе

Мицкоски треба да побара собраниска расправа за односите со Бугарија или во перцепцијата на јавноста ќе биде изедначен со Заев. Лидерските средби не се институционална форма.

повеќе