82 нови случаи на зараза, вкупно 741

Во Србија уште три смртни случаи поврзани со коронавирусот, вкупно 13

Во Србија во последните 24 часа се регистрирани уште три смртни случаи поврзани со коронавирусот, па вкупниот број мртви во врска со таа инфекција порасна на 13, изјави денес заменик директорката на Институтот Батут Дарија Кисиќ Тепавчевиќ.

Таа на редовната конференција за новинарите за ситуацијата со ширењето на коронавирусот кажа дека во Клиничкиот центар на Војводина во Нови Сад умрел 62-годишен пациент кој боледувал од хипертензија, прекумерна тежина и заболување на бубрезите.

Во Клиничкиот болнички центар во Белград, пак, умреле жени на 82 и 86 години кои имале и други заболувања.

На респиратори во болниците низ Србија има 55 пациенти.

Министерството за здравство на Србија соопшти денес дека се регистрирани 82 нови случаи на зараза со вирусот и дека со тоа вкупниот број на заразени се качи на 741.

Се затвораат цркви, но се отвораат кладилници.

повеќе

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе