Во Србија повторно над 4.000 нови случаи, размислуваат за блокада и полициски час

Во последните 24 часа во Србија на коронавирус биле тестирани 16.175 лица, од кои 4.056 биле позитивни. 16 лица починале.

Фото: ЕПА

Според последните податоци на министерството за здравство, 161 пациент е на респиратор.

Вчера, Србија имала 4.157 нови случаи од 16.743 тестирани лица.

Од викендот во сила се нови мерки - угостителските објекти и трговските центри се отворени до 14 часот, додека прехранбените и услужните дејности можат да бидат отворени до 20 часот.

Бидејќи епидемиолошката состојба во Србија драматично е влошена во последните денови, медицинските експерти од кризниот штаб бараат целосно затворање од седум до 10 дена. Исто така се спомнале и полициски час и вонредна состојба. За такви ригорозни мерки ќе биде одлучено во наредните денови.

Сепак, Александар Вучиќ вели дека Србија е далеку од вонредна состојба.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Опседнатоста со лесна и брза заработувачка, завидливоста и љубомората кон побогатите, невидената мрзливост комбинирана со желбата за убав и прилично ситуиран живот, од Македонците создаде зомбизирани суштества кои лутаат низ времето и просторот, без патоказ и без изграден вредносен ориентир по кој ќе се водат низ животот.

повеќе

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе