Носачот на авиони Џорџ Буш ја предводеше големата НАТО воена вежба наречена „Нептунов напад 2022“ во која учествуваа над 80 авиони, 14 брода и околу 6.000 војници од 24 држави од западниот воен пакт, вклучувајќи ги Финска и Шведска.
По вежбата бродот се упати кон Сплит. Хрватската влада на 27 октомври даде одобрување за негово впловување. Станува збор за еден од најновите американски носачи на авиони и еден од најголемите борбени бродови на светот, долг 333 метри, од класата „Нимиц“ на американската воена морнарица.
Бродот изграден во 2009 може да плови 20 години без дополнување гориво. На бродот може да се сместат 3.532 члена на екипажот, а може да носи 90 авиони и хеликоптери. Матичното пристаниште на УСС Џорџ Буш е морнаричката база во Норфолк во американската сојузна држава Вирџинија.