Во Словенија поради смрт на млада жена, вакцината на Џонсон&Џонсон само со потпис

Словенечкиот министер за здравство Јанез Поклукар во вторникот објави целосна суспензија на вакцинацијата со векторската вакцина на Џонсон&Џонсон во Словенија, откако е потврден уште еден случај во кој вакцината е директно поврзана со смртта на вакцинираното лице.

EPA-EFE/NARENDRA SHRESTHA

„Ќе предложиме вакцинацијата со оваа вакцина да се обезбеди само по експлицитно барање и со своерачен потпис на лицето“, рече Поклукар на прес-конференција, не исклучувајќи ја можноста поради несакани последици да се донеси слично решение и за вакцината на Астразенека.

Причината за смртта на 20-годишната Катја од Љубљана, која почина кон крајот на септември, несомнено е поврзана со вакцинацијата против ковид-19 со векторската вакцина на Џонсон&Џонсон, потврди во вторникот специјална лекарска комисија формирана веднаш по трагичниот случај, додавајќи дека одлуката на сите пет членови на комисијата била едногласна. Ваквата одлука била очекувана во словенечката јавност, со оглед дека се работи за помлада особа која немала никакви коморбидитети.

Млада Словенка почина во болницата кон крајот на септември, помалку од две недели откако била вакцинирана, од последици на згрутчување и крвавење во мозокот. По прегледот на документацијата, комисијата констатирала дека нејзиниот третман во болница по итниот прием бил соодветен и дека направиле сè за да ја спасат и дека пред вакцинацијата немало никакви индиции против вакцинација.

Ова е втора потврдена смрт како директна последица на создавање згрутчување и крвавење во мозокот по што настапила смрт, откако сличен фатален исход комисијата го потврди кај помлада жена, сопруга на словенечки дипломат, пролетта оваа година. Таа исто така починала откако била вакцинирана со вакцината Џонсон&Џонсон.

Словенечката влада испратила законско решение до парламентот, според кое лицата кои доживеале тешки здравствени последици по вакцинација може да добијат отштета до 60 илјади евра, а роднините на починатите до 10 илјади. За тоа како дел од „против-корона“ законскиот пакет наскоро треба да одлучува парламентот.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/NARENDRA SHRESTHA

Ние Македонците од село Гореме, општина Струмјани, го поздравуваме народот покрај Вардар (барем реката сѐ уште е таму) и се „восхитуваме" на дејствувањата на мудрите мажи на државата.

 

повеќе

Земјите треба да бараат начини за градење мостови и унапредување на билатералните економски врски, а не да гледаат во минатото и да му наметнуваат на македонскиот народ поинаков идентитет или историски наратив.

повеќе

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе