Во силниот земјотрес во Егејското Море во Грција и во Турција најмалку 17 загинати (ВИДЕО)

Најмалку 17 луѓе, вклучувајќи двајца млади на грчкиот остров Самос, загинаа во разорниот земјотрес кој денес ги погоди Турција и Грција.

EPA-EFE

Потресот со јачина од 7 степени по Рихтер погоди во 11:50 часот по локално време во Егејското Море јужно од градот Измир на западниот брег на Турција.

Како што јавува Си-ен-ен Турк, земјотресот се почувствувал сѐ до Истанбул и до Атина. Засега е потврдено дека во Турција загинале 15 лица, од кои над 700 се повредени. На грчкиот остров Самос загинале двајца тинејџери, врз кои се урнал ѕид додека се враќале од училиште.

Од Измир постојано пристигнуваат снимки и фотографии од урнатите згради. Би-би-си јави дека во тој град се урнати повеќе од 20 згради.

Во провинцијата Измир од урнатите и оштетените згради се спасени 70 луѓе, а потрагата по исчезнатите продолжува. Имало и над 80 послаби потреси по силниот земјотрес, од кои десетина со јачина од 4 степени.

Кај некои од крајбрежните градови дошло и до кревање на нивото на морето па се поплавени улиците.

Турција се наоѓа во едно од тектонски најактивните подрачја во светот. повеќе од 17 илјади луѓе загина во август 1999 година кога земјотрес со јачина од 7,6 степени го погоди градот Измит, југоисточно од Истанбул. Замјотресот кој во 2011 го погоди источниот град Ван уби повеќе од 500 луѓе.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Дали и Грција треба да престане да ја смета бугарската фашистичка окупација за време на Втората светска војна како вистинска окупација?, прашува поранешниот грчки министер за надворешни работи – потписник на Преспанскиот договор со Македонија, во колумна за Балканеу. Колумната ја пренесуваме во целост и со автентичните фрази.

повеќе

Каракачанов: На Бугаринот паметот му доаѓа следниот ден...

повеќе

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе