Во Шведска повторно расте бројот на новозаразените, планираат да воведат локални карантини

Шведска има сѐ повеќе новозаразени. Во четвртокот пријавија 1.075 случаи, а вчера 596.

EPA-EFE

Земјата што има поинаков пристап од останатите, оставајќи ги отворени повеќето училишта, ресторани и компании за време на пандемијата, бележи постепен раст од почетокот на септември што ги руши надежите за таканаречениот „имунитет на стадо“.

Водечкиот епидемиолог: Не влегуваме во втор бран

Но главниот шведски епидемиолог Андерс Тегнел смета дека иако земјите како Холандија, Шпанија и Франција во моментов влегуваат во втор бран, тоа не е случајот со Шведска.

„Тоа би значело дека вирусот значително се шири во големи делови од општеството, а ние во Шведска тоа го немаме“, кажа тој и додаде дека порастот на случаите треба да се сфати многу сериозно.

Воведување карантини на регионално ниво?

Јавните собирања со повеќе од 50 луѓе во моментов се забранети. Тоа се однесува на концерти, претстави и протести, но не и на работните места, трговските центри или приватни настани. Меѓутоа, дури и во случаите во кои овој закон не се применува, се очекува избегнување собири во големи групи. Агенцијата за јавно здравство бара од сите да избегнуваат настани со многу луѓе, вклучувајќи забави, венчавки и погреби.

Властите сакаат да воведат локални карантини за да се сопре брзото ширење на вирусот. Овој потег означува нов пристап во шведското постапување со коронакризата, бидејќи единствени во март имаа отворени барови и ресторани додека остатокот од Европа беше во карантин.

Се верува дека новите правила ќе стапат во сила утре и ќе им овозможат на регионалните здравствени власти да им забранат на луѓето собирања во трговски центри, на концерти и базени. На луѓето најверојатно ќе им се советува да го избегнуваат јавниот превоз и посетите на старечките домови.

Агенцијата за јавно здравство бара сите што можат да го избегнат јавниот превоз и ако можат да пешачат, да возат велосипед или сопствен автомобил. Ако веќе мораат да го користат јавниот превоз, се препорачува да го избегнуваат „шпицот“ и да држат дистанца.

Во рестораните, баровите и ноќните клубови важат други правила. Иако се дозволени повеќе од 50 луѓе, тие места треба да имаат други мерки за да се ограничи гужвата, само со услуга на маси и дистанца меѓу нив. Не се само објектите одговорни за тоа, туку и поединците, а властите бараат луѓето да не одат на места каде што има гужви.

Децата смеат во училиште дури и ако некој домашен е заразен

На Швеѓаните им се препорачува да останат дома ако имаат какви било симптоми. Тоа значи да не излегуваат да се дружат со други луѓе, да одат на работа, во училиште или продавница.

Официјалната препорака гласи: „Останете дома најмалку два цели дена за целосно да се ослободите од симптомите“.

Од возрасните се бара да останат дома седум дена откако некој од домашните ќе се тестира позитивен или пет дена откако самите ќе се тестираат. Децата смеат да одат во училиште или градинка дури и ако некој од домашните е заразен.

Постарите и хронично болните

Лицата постари од 70 години и високоризичните хронични болни треба да следат специјални мерки на претпазливост. Од овие групи се бара што е можно повеќе да ги ограничат социјалните контакти и да држат дистанца од кого било надвор од домаќинството. Тоа, на пример, значи дека нема гушкање ни со внуците.

Агенцијата за јавно здравство ги советува да избегнуваат поголеми групи луѓе, јавен превоз и продавници и, ако можат, да нарачуваат намирници на домашната адреса. Се советува и темелно миење раце веднаш штом се вратат дома. Сепак, Агенцијата најави дека наскоро ќе ги попушти насоките за овие групи.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Структурното насилство кон трансродовите и родово небинарните луѓе е препрека во нивното реализирање како полноправни членови на општеството.

повеќе

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе