Во Швајцарија откриени 8.000 лажни ковид-сертификати

Повеќе од 8.000 фалсификувани сертификати за вакцинација се издадени во швајцарскиот кантон Св. Гален, изјави регионален претставник.

Фото: ЕПА

Истражувањата сега се фокусирани на група вработени кои работат во приватен центар за тестирање на ковид-19, бидејќи нивната работа им овозможила пристап до националниот систем за издавање сертификати за вакцинација.

Осомничените ќе треба да платат одредена сума или ќе се соочат со казна затвор до пет години.

Оние кои платиле големи суми за лажни потврди за вакцинација добиле и казни или морале да платат одредена сума, велат од кантоналната управа.

Со стапка на вакцинација од околу 61 отсто од населението, Св. Гален е еден од најмалку вакцинираните швајцарски кантони.

Во цела Швајцарија речиси 67 отсто од граѓаните се вакцинирани.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе