Во САД рекорден број случаи на новозаразени: во еден ден 54.000 случаи

Во Соединетите Американски Држави се забележани рекордни 54.000 случаи на зараза со новиот коронавирус во еден ден, според официјалните податоци на американскиот Центар за контрола на болестите (ЦДЦ) објавени денес за вчера.

EPA-EFE

Просечниот дневен број на нови случаи на зараза оваа недела во САД беше поголем од 40.000, повеќе отколку во деновите со најмногу новозаразени во април и мај.

Ширењето на ковид-19 не покажува знаци на успорување. Флорида, едно од главните нови жаришта на епидемијата, јави нови 9.500 заразени во еден ден, според податоците на локалните здравствени власти за денес, со што релиси се изедначи досега забележаниот најголем број случаи во еден ден во таа сојузна држава.

Бројот на новозаразените расте и во јужните и југозападните држави, каде Калифорнија, Тексас, Аризона, Џорџија и Северна Каролина бележат значителен раст на бројот на заболените. Како што расте бројот на новозаболените, расте и загриженоста дека некои делови од САД премногу и пребрзо се отвориле.

Потпретседателот на САД Мајк Пенс неделава ја посети Аризона, а денес требаше да се сретне и со гувернерот на Флорида Рон де Сантис, кој најави дека нема во поголема мера да ги прекинува економските активности, иако воведе ограничувања за работата на баровите и рестораните.

Претседателот Доналд Трамп продолжува да кажува дека сојузната влада им помага на локалните власти во зауздувањето на ширењето на заразата и ги отфрла грижите дека новото ширење на коронавирусот би можело да го сопре економското заздравување од рецесијата.

Податоците за ширењето на епидемијата доаѓаат пред викендот во кој на 4 јули се одбележува американскиот Ден на независноста и обично има големи собири.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе