Засега без победник

Во САД напнато, Бајден досега со 238, Трамп со 213 гласа, во клучните држави уште се брои

Соединетите Држави избираат претседател. Дали ќе биде сегашниот, Доналд Трамп или новиот, Џо Бајден, ќе дознаеме во најдобар случај доцна попладнево. Броењето на гласовите е во тек.

Фото: ЕПА

Американскиот претседател Доналд Трамп освои три клучни држави - Флорида, Тексас и Охајо. Конечните резултати сè уште чекаат за Пенсилванија, Џорџија, Северна Каролина, Мичиген и Висконсин, кои се сметаат за клучни за исходот на изборите. Таму резултатите се многу тесни.

Моменталниот вкупен изборен резултат е Бајден - 238, Трамп – 213 електорски гласа.

Американците не го избираат претседателот директно, туку во сојузните држави гласаат за електори, кои потоа ќе гласаат на т.н. електорски колеџ и ќе го изберат претседателот. Електори има колку и членови на Конгресот - 538. За победа е потребна поддршка од мнозинството електори, или најмалку 270.

Државите во кои е прогласена победа

Трамп досега ги освои следните држави: Западна Вирџинија - 5 електори, Тенеси - 11 електори, Алабама - 9 електори, Мисисипи - 6 електори, Мисури - 10 електори, Оклахома - 7 електори, Арканзас - 6 електори, Кентаки - 8 електори, Индијана - 11 електори, Вајоминг - 3 електори, Северна Дакота - 3 електори, Јужна Дакота - 3 електори, Луизијана - 8 електори, Небраска - 5 електори (не ги добива сите електори, државата има посебен систем на поделба на гласовите), Јужна Каролина - 9 електори, Канзас - 6 електори, Јута - 6 електори, Ајдахо - 4 електори, Флорида - 29 електори, Тексас - 38 електори, Охајо - 18 електори, Ајова - 6 електори, Монтана - 3 електори.

Бајден досега ги освои следните држави: Илиноис - 20 електори, Мериленд - 10 електори, Њу Џерси - 14 електори, Конектикат - 7 електори, Масачусетс - 11 електори, Мејн - 4 електори (државата не ги добива сите електори, државата има посебен систем на поделба на гласовите), Делавер - 3 електори, Вермонт - 3 електори, Колорадо - 9 електори, Њујорк - 29 електори, Роуд Ајленд - 4 електори, Областа Колумбија - 3 електори, Калифорнија - 55 електори, Орегон - 7 електори, Вашингтон - 12 електори, Њу Хемпшир - 4 електори, Аризона - 11 електори, Хаваи - 4 електори, Њу Мексико - 5 електори, Минесота - 10 електори, Вирџинија - 13 електори.

Моменталната состојба во клучните земји каде што не е прогласена победа (ажурирано во 13:14 часот):

Џорџија - Трамп води (Доналд Трамп 50,5 проценти, Џо Бајден 48,3 проценти. Изброени 94 проценти од гласовите. Државата носи 16 електорски гласа)

Северна Каролина - Трамп води (Доналд Трамп 50,1 процент, Џо Бајден 48,7 проценти. Изброени 94 проценти. Државата носи 15 електорски гласа)

Пенсилванија - Трамп води (Доналд Трамп 55,7 проценти, Џо Бајден 43,1 процент. Изброени 64 проценти. Државата носи 20 електори)

Мичиген - Трамп води (Доналд Трамп 49,6 проценти, Џо Бајден 48,8 проценти. Изброени 87 проценти. Државата носи 16 електорски гласа)

Висконсин - Бајден води (Џо Бајден 49,4, Доналд Трамп 49,1) Избројани 95 проценти. Државата носи 10 електори)

Невада - Бајден води (Џо Бајден - 49,2 проценти, Доналд Трамп 48,6 проценти. Изброени 67 проценти од гласовите. Државата носи шест електорски гласа)

 

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе