Во Романија 15 години затвор за оној што ќе предизвика смрт со непочитување на карантинот

Романија од сега одредува 15 години затворска казна за оние чие однесување за време на пандемијата на коронавирусот ќе предизвика смрт на друго лице.

„На оние кои знаат дека се заразени и не ги почитуваат службените санитарни мерки им се заканува 15-годишна затворска казна ако се потврди дека нивното однесување предизвикало смрт на некое лице“, објави вчера владата за време на претставување на нова одредба која веднаш стапи на сила.

Во случај на непочитување на одредбата на владата со цел сопирање на ширењето на вирусот ковид-19, предвидени се казни до три години затвор ако тоа однесување не предизвика последици, и до пет години ако настапи зараза.

„Не можеме да дозволиме неодговорни лица слободно да се шетаат и да заразат други“, изјави романскиот премиер Лудовик Орбан.

Букурешт ја повика и својата дијаспора да не се обидува да се врати во земјата поради ограничувањето на движењето во Европа.

Со приближувањето на Велигден претседателот Клаус Јоханис „искрено, но со жалење“ испрати апел „до 4 милиони Романци кои живеат во странство да останат во земјата во која се наоѓаат бидејќи е невозможно да се патува по Европа“.

Во Романија има 227 потврдени случаи на зараза.

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе