Во Помпеја најдени одлично сочувани останки од луѓе што загинале во ерупцијата во 79 година (ФОТО)

Археолозите откриja одлично зачувани останки од двајца мажи што загинале во ерупцијата на Везув во 79 година.

Тоа е една од најпознатите вулкански ерупции во историјата, во која бил уништен римскиот град Помпеја. Античките Римјани во градот во подножјето на планината Везув ерупцијата ги затекнала целосно неподготвени, па многумина останале скаменети од лавата што ги покрила.

Речиси 2.000 години подоцна, поради сето ова, Помпеја стана едно од најважните археолошки наоѓалишта во историјата.

Останките се пронајдени во местото Цивита Џулијана, 700 метри северозападно од центарот на античка Помпеја, во подземна просторија на голема вила каде што се вршат археолошки ископувања. Едниот од нив веројатно бил со повисок социјален статус и бил на возраст меѓу 30 и 40 години. Под вратата археолозите пронашле остатоци од волнена наметка.

Другиот човек, веројатно на возраст меѓу 18 и 23 години, бил облечен во туника и имал неколку нагмечени пршлени, што укажува дека бил роб што работел напорно.

Забите и коските на мажите се добро зачувани, а празнините во коските експертите најпрво ги пополниле со гипс, кој се стврднал, а потоа ги ископале, за да не се искршат.

„Овие две жртви најверојатно се обиделе да побараат засолниште околу 9 часот наутро, кога ги однел пирокластичниот бран“, рече Масимо Осана, директор на археолошкиот локалитет. „Тие починале од ефектите на термичкиот шок, како што укажуваат нивните стегнати нозе и раце.“

Министерот за култура Дарио Франческини рече дека откритието го истакнува статусот на Помпеја како „неверојатно место за истражување и студирање“.

Во времето на вулканската ерупција во Помпеја во 79 година н.е., имало околу 13.000 жители. Остатоците од градот биле откриени дури во 16 век, а организираните ископувања почнале околу 1750 година. Но од неодамна вниманието е насочено кон обидот да се запре распаѓањето и пропаѓањето на вредните урнатини.

Објавено

Недела, Ноември 22, 2020 - 09:26

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе

Многумина од учесниците во македонската сага, нивните деца и внуци прашуваат: Зошто не можеме да се вратиме во земјата на нашите предци?

повеќе

Утрово осамна уште еден ден од ноември, 20-от ден од месецот. Остануваат точно уште 456 дена до 100-годишнината од коморскиот систем во нашата земја.

повеќе