Во Палестина по повеќе од деценија ќе се одржат избори

Палестинската управа објави дека ќе се одржат првите парламентарни и претседателски избори по повеќе од десет години, во последниот од низата обиди да се стави крај на тензиите меѓу движењето Фатах на претседателот Махмуд Абас и исламистичкото движење Хамас.

EPA-EFE

Последните избори во 2006 година резултираа со изненадувачка победа на Хамас, со што уште повеќе се продлабочи политичкиот јаз меѓу двете страни, а по што Хамас во 2007 го зазеде Појасот Газа. Хамас со години одолговлекува со свикувањето нови избори.

Палестинската управа, која располага со ограничена власт на окупираниот Западен брег, ќе ги одржи изборите на 22 мај, а претседателските на 30 јуни, објави кабинетот на Абас.

„Претседателот им даде упатства на изборната комисија и сите државни тела да го почнат демократскиот изборен процес во сите градови и татковината“, пишува во прогласот на кабинетот на Абас, алудирајќи на Западниот брег, Газа и источен Ерусалим.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Богатите држави мораат веднаш да донираат вакцини против ковид-19 на загрозените држави. 

повеќе

Можеби ни треба регистар на погрешни перцепции на граѓаните за криминалот и корупцијата во државата.

повеќе

Младите бараат подобар живот надвор од државата, бидејќи доаѓаат до заклучок дека приватните компании и странските организации им пружаат поголема поддршка и повеќе ги вреднуваат отколку сопствената држава.

повеќе