Во епицентарот на епидемијата во САД

Во Њујорк започна со работа болничкиот брод „Комфор“ (ФОТО+ВИДЕО)

Воениот болнички брод со 1.000 кревети пристигна денес во пристаништето во Њујорк за да им помогне на болниците кои се соочуваат со голем број пациенти заболени од коронавирус.

Бродот „Комфор“ има 12 операциони сали и 1.200 болничари.

На овој брод ќе бидат сместени пациенти на кои им е потребна интензивна нега, а кои не се заболени од коронавирусот.

Целта е другите болници да се концентрираат на грижа за пациентите заболени со коронавирус.

„Фактот дека морнарицата е тука, дека војската е тука за да му помогне на Њујорк во време кога на нашиот град му е потребна помош, е многу важно“, изјави за Си-ен-ен градоначалникот на Њујорк Бил де Бласио додека бродот пловел кон пристаништето во Менхетен.

„За жителите кои минаа многу во последниве неколку недели, ова го крева моралот. Сите нè допре, потребна ни е помош“, додаде тој.

Градот Њујорк е епицентар на епидемијата во САД со повеќе од 33.000 заразени и 776 мртви, според податоците на универзитетот Џон Хопкинс.

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе