Во Нигерија 31 лице загина во стампедо при делење бесплатна храна

Триесет и едно лице загина, а седум се повредени во стампедо при делење бесплатни намирници во градот Порт Харкорт во јужна Нигерија, соопшти полицијата. „До стампедото дојде кога многу луѓе почнаа да се туркаат за да добијат бесплатни намирници и оброци", изјави за дпа портпаролката на полицијата на државата Риверс, Грејс Ајринџ-Коко.

Илустрација: ЕПА

Првите информации укажуваат дека пред почетокот на дистрибуцијата на храна во градот Порт Харкорт имало туркање меѓу насобраните луѓе, по што следело стампедо, рече таа. Локалните медиуми претходно објавија дека луѓето се собрале на хуманитарна манифестација наречена „Купи бесплатно“ одржана во Поло клубот во Порт Харкорт.

Многумина на влезот чекале од претходниот ден. Загинатите и повредените, наводно, биле пренесени во блиската градска воена болница.

Легенда под Главна слика

Илустрација: ЕПА

Ние сме земја што први во Европа имаме стратегија за интеркултурализам.

повеќе

Францускиот предлог претставува директно рушење на основните темели на ЕУ.

повеќе

Од мали нозе ги заобиколуваме правилата на игра, па не е ни чудо што потоа се сопнуваме кога ќе истрчаме на терен.

повеќе