Жртвите биле застрелани или избодени со нож.
Полицијата добила повик да дојде во куќа во предградието на местото Кенигс Вустерхаузен, откако едно лице ги видело телата, се вели во соопштението на полицијата и обвинителството.
Пронајдени се телата на двајца возрасни на возраст од 40 години и деца на возраст од четири, осум и 10 години.
Преживеало мало кученце. Соседите повикале полиција бидејќи на нивната улица станало многу тивко, родителите не го прошетале кучето, а девојчињата не си играле надвор како и обично.
Полицијата покрена истрага за убиствата и не соопштува повеќе детали.