Во Кина, најмногу заразени со корона во повеќе од три месеци

Во Кина се регистрирани повеќе од 2.400 луѓе заразени со коронавирус, што е најголем број во повеќе од три месеци, објави Националната здравствена комисија. Ова е највисоката бројка од 12 мај.

Фото: ЕПА

Според кинеските здравствени власти, четвртина од заразените не покажуваат симптоми. Кина продолжува да спроведува политика на нулта стапка на ковид преку масовно тестирање по појавата на жаришта и со воведување карантин.

Мерките го држат вирусот под контрола од втората половина на 2020 година, но стратегијата е доведена во прашање од високо заразната варијанта омикрон. Редовните блокади ја парализираат втората по големина економија во светот и предизвикаа остар пад особено на домашниот туризам.

Десетици илјади туристи се блокирани во јужното кинеско одморалиште на островот Хаинан, кој моментално има најголем број заразени во земјата.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе