Во Канада се одржаа големи протести за поддршка на Иранките

Десетици илјади луѓе протестираа во Монтреал и други канадски градови во саботата за поддршка на протестите што го потресоа Иран по смртта на 22-годишната Махса Амини, која беше претепана од полицијата за морал на 16 септември поради непочитување на строгите правила на исламскиот кодекс на облекување.

Фото: Твитер

Во Иран трае протестното движење веќе 16 дена откако почина Махса Амини која беше уапсена затоа што не ја покриваше косата во согласност со строгиот кодекс на облекување на жените во Иран.

Десетици илјади луѓе учествуваа на собирите на солидарност во неколку градови низ Канада, вклучувајќи ги Ванкувер, Торонто и главниот град Отава.

Во Торонто, јавната телевизија CBC прикажа слики на демонстранти кои носат маици со натписи „Правда за Махса Амини“ и вееја ирански знамиња.

Во Монтреал, неколку жени ја потстрижаа косата додека повеќе од 10.000 луѓе држеа натписи на кои пишуваше „Правда“ и „Не за Исламската Република“.

Неколку луѓе од толпата повикаа на промена на режимот во Техеран и за построги канадски санкции кон Иран.

Отава веќе воведе санкции поради иранската нуклеарна програма, а премиерот Џастин Трудо во понеделникот најави нова рунда санкции против десетици поединци и организации, вклучително и така наречената Иранска полиција за морал.

Легенда под Главна слика

Фото: Твитер

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе