Во Франција, пред црква застрелал православен свештеник со сачмарка и побегнал (ВИДЕО)

Во францускиот град Лион, непознат напаѓач со сачмарка застрела 52-годишен свештеник на Грчката православна црква пред црквата Свети Лазар.

Screenshot

Според информациите на Ле Паризиен, напаѓачот пукал од скратена сачмарка и испукал најмалку два истрела.

На свештеникот му била укажана прва помош на самото место, по што бил пренесен во болница каде лекарите се борат за неговиот живот. Француските медиуми наведуваат дека тој бил ранет во црниот дроб.

Нападот се случил попладнето околу 16 часот, кога свештеникот ја затворал црквата. Напаѓачот му пришол пред црквата и отворил оган.

Полицијата ја опколила областа околу црквата и ги повикува граѓаните да ја избегнуваат областа.

Напаѓачот е во бегство, го бараат голем број тешко вооружени полицајци. Се сомнева дека станува збор за терористички напад, но сè уште нема потврда и се очекува проценка на обвинителот на Националниот антитерористички оддел.

Францускиот премиер Жан Кастекс, кој бил на пат кон Сент Етјен ди Рувре, објави дека веднаш се враќа во Париз.

На местото на настанот пристигна и градоначалникот на Лион, Грегори Дусет.

Нападот се случува три дена по убиството на три лица во напад во црквата Нотр Дам во Ница.

Франција е во состојба на готовност поради опасност од терористички напади по бруталното убиство на професорот Самуел Пети, кој беше обезглавен од 18-годишен исламист од Чеченија на периферијата на Париз.

Легенда под Главна слика

Screenshot

Како што тргнало, на крај, кога ќе го оствариме сонот и конечно ќе влеземе во ЕУ, ќе бидеме нација X, со јазик Y, со националност Z? Кој ќе се радува на тоа?

повеќе

Зошто да не му веруваме на лидерот кој е на чело на колоната запатена кон ЕУ?

повеќе

Логиката е кога веќе се успеа со Преспанскиот договор, кога веќе отстапката е потпишана, зошто да не се направи тоа и со Бугарија.

повеќе