Франција се надева дека зајакнувањето на кампањата за вакцинација и едномесечното затворање во земјата воведено минатиот викенд ќе помогнат во преземањето на контрола над најновиот бран на пандемијата.
Ситуацијата во француските болници е „сериозна“, но има индикации за подобрување по воведувањето на затворањето, објави Министерството за здравство.
Во моментов, рекорден број на заболени со ковид-19 се наоѓаат на интензивна нега, и бројот може да порасне уште повеќе во наредните денови. Министерството објави дека во средата, 5.729 заболени биле на одделенијата за интензивна нега низ целата земја, што е најголем број во 2021 година.