Во ЕУ покрената петиција за бесплатна и за сите достапна вакцина против ковид-19

Вакцината против ковид-19 како јавно добро, бесплатна и достапна за сите е целта на европската граѓанска иницијатива покрената денес, чии организатори се надеваат дека ќе соберат повеќе од милион потписи со цел Европската комисија да отвори дебата за предлогот.

Фото: ЕПА

Петицијата, чие потпишување беше иницирано од десетина европски граѓани, во Франција доби поддршка од коалицијата од неколку десетици здруженија, невладини организации, синдикати и партии.

„Оваа вакцина е општо добро на човештвото. Во голема мера се финансира со народни пари... Затоа, таа мора да биде достапна за граѓаните“, се вели во соопштението на коалицијата, во кое се нагласува дека тие сакаат „на сите да им гарантираат пристап до дијагностиката и лечењето“.

„Мултинационалните фармацевтски компании не смеат да профитираат од оваа пандемија“, истакнаа потписниците на иницијативата, потсетувајќи дека лабораториите воведоа претерано високи цени за третман на ХИВ во 90-тите години на минатиот век.

Со петицијата се повикува Европската комисија да даде законски предлог за „да се осигури дека правата на интелектуална сопственост, вклучувајќи ги и патентите, не ја ограничуваат достапноста“ на идните вакцини и третмани, а европското законодавство „не ја ограничува ефективноста на задолжителните лиценци“ издадени од земјите-членки.

Тие, исто така, повикуваат на воведување „законски обврски за фармацевтските лаборатории што ги користат фондовите на ЕУ да го споделуваат своето знаење, интелектуална сопственост и поврзани податоци“, но и да бидат транспарентни кога станува збор за „јавниот придонес кон истражувањето, трошоците за производство и одредбите за достапност“.

За да се отвори дебата за петицијата во Брисел, потребно е да се соберат еден милион потписи до 30 ноември 2021 година, во најмалку седум земји-членки.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Ве молам потрошете малку време и погледајте кои закони не може да се донесат, ако за нив не даде амин Али Ахмети.

повеќе

Структурното насилство кон трансродовите и родово небинарните луѓе е препрека во нивното реализирање како полноправни членови на општеството.

повеќе

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе