Како што најави тамошното министерство за внатрешни работи, во регионот на Дрезден се планира објект во кој ќе бидат сместени поединците кои се против карантинот.
Владата размислувала за сместување на таквите поединци во болница, меѓутоа сите капацитети се потребни поради епидемијата.
Конкретниот објект во Дрезден е изграден во 2016 година како прифатен оддел за барателите на азил, меѓутоа сè уште не е користен во таа цел.
Засега не се знае кој ќе биде сместен во објектот. Според полицијата, во моментов не се знае колку луѓе може да бидат сместени во објектот и најави повеќе информации во понеделник по инспекцијата.
Идејата за присилна изолација на поединците кои ќе го одбијат карантинот не е нова. Министерката за здравство Петра Кепинг (СПД) уште пролетта 2020 година даде до знаење дека таа мерка е можна. Сепак, во краен случај станува збор за потег кој бара и судска одлука.
„Во пракса, надлежниот здравствен оддел прво воспоставува карантин. Потоа следи итно предупредување и, ако постои понатамошен отпор – парична казна. Дури потоа следат правните постапки“, изјави Кепинг.