Макрон ги осуди „манипулациите и насилството“

Во дел од муслиманските земји продолжија протестите против Макрон

Неколку стотици луѓе се собраа вчера во Пакистан на протест против францускиот претседател Емануел Макрон кој ја бранеше слободата на изразувањето во својата земја каде наставник беше убиен бидејќи на часовите на наставниците им покажувал карикатури на муслиманскиот пророк Мухамед.

EPA-EFE

Помали протести беа одржани во Либија, Турција и Индија, пренесува Асошиејтед прес и оценува дека собирите продолжуваат и покрај интервјуто на Макрон за Ал џезира во кое наведе дека има разбирање за муслиманскиот свет, но истовремено ги осуди „манипулациите и насилството“.

„Мојата улога е да ја смирувам ситуацијата но и да ја штитам слободата на изразувањето во Франција“, кажа Макрон во интервјуто дадено во саботата за Ал џезира.

Макрон кажа дека разбира дека муслиманите можат да бидат „шокирани“ од карикатурите за Мухамед, но дека жали поради несогласувањата и манипулациите „на политичките и верските лидери“ кои повикаа на протести и бојкот на француските производи во мнозински муслиманските земји.

„Можам да разберам некој да биде шокиран од карикатурите, но нема никогаш да прифатам дека може да се оправда насилството. Нашите слободи, нашите права, сметам дека е моја задача тоа да го штитам“, додаде претседателот на Франција.

Макрон неодамна на комеморацијата на убиениот наставник Самуел Пати кажа дека Франција „ќе продолжи да ги брани карикатурите“. Млад исламист на 16 октомври го уби Пати поради карикатурите на Мухамед.

Макроновата изјава предизвика бран незадоволство во муслиманските земји, а најгласен беше претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган кој изрази сомнеж во менталното здравје на францускиот колега.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе