Во Чешка полицијата го контролира движењето, луѓето смеат да одат само на работа или на лекар

Слободата на движењето во Чешка е строго ограничено во следните три недели со цел да се спречи ширењето на заразата со коронавирус.

EPA-EFE/MARTIN DIVISEK

Денес полицијата започна да патролира по улиците и возовите затоа што на луѓето им е дозволено да го напуштат својот град или село само во исклучителни случаи, на пример, да одат на работа, на лекар или некое државно тело.

„Ќе бидеме насекаде, дури и на најмалите патишта“, рече портпаролот на полицијата.

Тој додаде дека полицијата ќе биде блага, но во случај на намерно кршење на правилата, прекршителите ќе бидат казнети. Казните ќе се движат до 400 евра, а некои луѓе веќе се казнети.

Медиумите јавуваат дека контролите во некои области предизвикале застој во сообраќајот. Повеќе од 25.000 полицајци и до 5.000 војници учествуваат во акцијата.

Некои граѓани строгите мерки силно ги критикуваат на социјалните медиуми, потсетувајќи дека тоа не било случај ниту во комунизмот. Други пак сметаат дека не се доволно строги. Синдикатот ЦМКОС повика на еднонеделно прекинување на работата на фабриките за време на велигденските празници.

Владата планира да воведе задолжително тестирање на коронавирус во компаниите со повеќе од 250 вработени.

Чешка има најголема стапка на инфекција во Европската унија. Денес пријави 4.557 новоинфицирани. Од почетокот на пандемијата, вкупно повеќе од 1.2 милиони луѓе биле заразени, а 20.469 починале, од вкупно 10.7 милиони жители.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/MARTIN DIVISEK

Опседнатоста со лесна и брза заработувачка, завидливоста и љубомората кон побогатите, невидената мрзливост комбинирана со желбата за убав и прилично ситуиран живот, од Македонците создаде зомбизирани суштества кои лутаат низ времето и просторот, без патоказ и без изграден вредносен ориентир по кој ќе се водат низ животот.

повеќе

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе