Во БиХ се молат граѓаните да не ловат покемони по мински полиња

Одделни корисници на апликацијата Покемон гоу во Босна и Херцеговина навлегуваат во мински сомнителни и ризични површини за да најдат покемони, соопшти организацијата „Посавина без мини“,пренесуваат босанските портали.

„Се молат граѓаните да не го прават тоа и да ги почитуваат поставените знаци за минска опасност и да не навлегуваат во подрачја што им се непознати“, се вели во соопштението објавено на Фејсбук.

Апликацијата Покемон гоу за само неколку дена стана глобален феномен и предизвика вистинска хистерија низ целиот свет и луѓето масовно бараат и собираат покемони.

Апликацијата работи со вклучување на геолокацијата на мобилниот телефон, по што на телефонот се прикажува мапа по која играчот оди и бара покемони.

Кога ќе го најде, се префрла во виртуелна реалност – на екранот благодарение на камерата на телефонот се гледа реалниот простор во кој се наоѓа играчот, но покемонот може да биде во грмушка, на столче, на улица...

Целта е на мобилниот телефон да се фати покемонот со покемон-топка.

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе