Во Белград се одржа протест за поддршка на Русија (ФОТО+ВИДЕО)

Во Белград се одржа протест за поддршка на Русија, јавуваат српските медиуми. Почна во 19 часот пред споменикот на рускиот цар Николај, а потоа беше преместен пред зградата на Претседателството на Србија. Таму момчиња со капи и марами преку лицата палеа факели и фрлаа димни бомби.

EPA-EFE

Пред Претседателството на Србија се протестираше поради гласањето на Србија за исфрлање на Русија од Советот за човекови права на Обединетите нации. На металните решетки на прозорците на Претседателството на Србија демонстрантите поставија руско знаме, а против српскиот претседател Александар Вучиќ извикуваа навредливи пароли.

Повеќе демонстранти носеа маици со буквата „Z“ со која се обележани руските единици во Украина, а демонстрантите носеа и слики на рускиот претседател Владимир Путин и го извикуваа презимето на белорускиот претседател Александар Лукашенко.

Покрај знамињата на Србија и Русија имаше и знаме со контурите на Косово со паролата „Нема предавање“, а граѓаните слушаа руски песни. Беше интонирана руската химна, а потоа и химната на Србија.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Потписниците на нотарските изјави дека нема да гласаат за измените на Уставот се подложни на промени за материјално благо.

 

повеќе

Здруженост, сплотеност и поврзаност на луѓе, друштва, организации и институции кон една заедничка цел или поради заедничка причина. 

повеќе

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе