Во Австрија од денес не се доволни обичните заштитни маски, мора да ги заменат со ФФП2

Од денес, Австријците постари од 14 години треба да ги заменат обичните заштитни маски со маските ФФП2 на јавни места, во продавници, во јавниот превоз и во здравствените установи.

Фото: ЕПА

Во Европа, обврската да се носи маската ФФП2, која блокира 94 проценти од аеросолите, фините честички (околу 0,6 микрометри), сè уште не е распространета.

Маските ФФП2 жителите на Австрија мора да ги носат во автобуси, трамваи, возови и во подземната железница, во супермаркетите, сите здравствени установи и услужни дејности, на пример во автомеханичарска работилница.

Наставниците, магационерите и вработените во јавните служби исто така мора да ги почитуваат овие мерки.

Бремените жени и лицата со медицински контраиндикации, како и сите лица кои се согласуваат да бидат подложени на редовно тестирање за вирусот, се изземени од оваа обврска.

И покрај третото затворање што Австрија го воведе по Божиќ и го продолжи засега до 8 февруари, бројот на новоинфицирани значително не се намали во земјата со 8,9 милиони жители.

Секој ден се заразуваат околу 130 лица на 100.000 жители, а владата постави цел бројката да не надминува 50.

Училиштата, музеите, спортските сали и кината како и продавниците кои не се прехранбени и не продаваат нужни работи се затворени, а жителите се повикуваат што е можно повеќе да ги ограничат контактите.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе