Во американски воздушен напад убиени неколку водачи на Исламска држава

Американските сили убиле неколку водачи на џихадистичката група Исламска држава во Сирија во воздушен напад, соопшти американската команда. Хеликоптерската операција, чија цел бил Ракан Вахид ал Шамри, била спроведена во ноќта од средата кон четвртокот на североистокот на Сирија, се наведува во првото соопштение на американската воена команда за Блискиот Исток (Центком).

Фото: ЕПА

Ова е првпат од почетокот на војната во Сирија во 2011 година американските војници да извршат хеликоптерска операција во област под контрола на режимот на Башар ал Асад, тврди Сириската опсерваторија за човекови права (ОСДХ). Американската команда потоа во второто соопштение за печатот објави дека убила уште двајца водачи на џихадистичката група за време на воздушен напад во северна Сирија.

Во овој втор напад, според Центком, „убиени се Абу-Хашума ал-Умави и уште еден висок функционер на ИСИС“. „Овој напад ќе ја ослабне способноста на ИСИС да го дестабилизира регионот и да ги нападне нашите сили и нашите партнери“, коментираше шефот на американската регионална команда, генералот Мајкл Курила.

Централната команда на американската војска соопшти дека првичните проценки покажуваат дека во нападите нема цивилни жртви и нема жртви на американската војска.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе