Повикувал на напади врз државни институции

Во Албанија уапсен верски екстремист за „поттикнување тероризам“

Едно лице беше уапсено вчера во Албанија за поттикнување тероризам. Полицијата тврди дека осомничениот преку социјалните мрежи повикувал на напади врз државни институции и поддржувал терористички организации.

Фото: ЕПА

Според полицијата, 56-годишникот од албански Кукуш имал верски екстремистички тенденции.

По неколкумесечни истраги, полицијата соопшти дека идентификувала маж што се криел зад неколку лажни профили на социјалните мрежи, на кои се објавувале различни објави за поддршка на милитантната група Исламска држава или повици за поддршка во војната во Сирија.

Осомничениот се товари за кривично дело „поттикнување, јавно поттикнување и промовирање на извршување дело со терористичка намера“.

Иако Албанија не била цел на терористички напади, голем број албански државјани се радикализираа и се бореа со ИСИС од 2012 до 2016 година.

Властите во Албанија известија дека 144 нивни граѓани ѝ се приклучиле на терористичката организација само во 2013 година.

Албанија го ажурираше своето законодавство за активности поврзани со тероризам, вклучително и учество во терористички групи или оружени конфликти во странство, а во 2015 година го основа Центарот против насилен екстремизам и усвои национална стратегија што се фокусира на радикализација и екстремизам.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Ние сме земја што први во Европа имаме стратегија за интеркултурализам.

повеќе

Францускиот предлог претставува директно рушење на основните темели на ЕУ.

повеќе

Од мали нозе ги заобиколуваме правилата на игра, па не е ни чудо што потоа се сопнуваме кога ќе истрчаме на терен.

повеќе