Властите во Германија: Мерките на затворање доведоа до делумен успех

Државниот епидемиолошки институт Роберт Кох соопшти дека мерките за затворање во Германија доведоа до делумен успех, но дека бројот на новозаразени е сè уште превисок.

„Бројот на новозаразени е сè уште на многу високо ниво, ситуацијата е и понатаму сè уште сериозна“, рече директорот на Институтот Роберт Кох (РКИ) Лотар Вилер за време на неделното обраќање до јавноста. Тој истакна дека мерките за затворање воведени на почетокот на ноември го стабилизираа бројот на новоинфицирани, но дека тој е сè уште висок.

РКИ во четвртокот објави дека 22.046 лица биле заразени со коронавирус во последните 24 часа, нешто помалку од пред една недела. И бројот на починати од денешните 479 случаи останува и понатаму на високо ниво“, рече Вилер, додавајќи дека бројот на починати ќе продолжи да расте.

„Се случува она што предвидовме дека ќе се случи: текот на болеста станува сè потежок, што особено ги погодува постарите пациенти постари од 80 години. Мора да продолжиме да сметаме на голем број смртни случаи“, рече Вилер, додавајќи дека кон тоа придонесува и сè почестото избувнување на заразата во старечки домови.

Тој нагласи дека постојано високиот број на новоинфицирани ги доведува локалните заводи за јавно здравство до граници на издржливост.

„Повеќе не е секогаш можно да се следи изворот на инфекција кај новоинфицираните лица“, рече Вилер.

Директорот на Институтот Роберт Кох, ги повика граѓаните да продолжат да ги следат мерките за одржување хигиена, дистанца и носење маски.

„Ние не сме беспомошни пред вирусот, постои начин да се одбраниме. Ковид-19 е болест што може да се избегне“, рече Вилер.

РКИ исто така препорачува воведување на засилено тестирање на персоналот во училиштата и градинките.

Мерките за затворање во Германија во моментов вклучуваат затворање на ресторани и хотели, културни институции како што се театри и кина и спортски објекти како што се теретаните. Трговските центри и услужниот сектор продолжуваат да работат. Забраната за собирање повеќе од пет лица од две домаќинства е исто така во сила. Минатата недела беше договорено да се релаксираат мерките за контакт за време на Божиќните празници, кога ќе биде дозволено да се соберат до десет лица од повеќе домаќинства.

Германија сегашните делумни мерки за затворање ги продолжи до 10 јануари, што е објавено по состанокот на претставниците на федералните и покраинските влади во Берлин во средата вечер.

„Сè уште сме далеку од посакуваната вредност од 50 нови инфекции на 100.000 жители во период од седум дена“, рече германската канцеларка Ангела Меркел по состанокот.

Започнати се и подготовките за процесот на вакцинирање на граѓани откако вакцината ќе пристигне на пазарот, што се очекува на крајот на оваа или почетокот на следната година.

Формирањето на платформа за прекугранична соработка за борба против аерозагадувањето има потенцијал вистински да придонесе за намалување на загадувањето на воздухот во нашата земја.

повеќе

 Еврообврзница во услови на најголемата светска економска криза за репрограмирање на долгот и буџетска поддршка.

повеќе

Повикот на Заев за „Влада за национален спас“ само три дена откако неговиот кабинет ја доби собраниската доверба, покажува дека таа тешко би се качила над сегашните 62 пратеници.

повеќе