Владата на Италија прогласи вонредна состојба

Италијанската влада прогласи вонредна состојба на островот Искија на вонредна седница одржана денеска.

Фото: ЕПА

Италијанската влада издвои два милиони евра за спасувачките служби и за обновување на јавните услуги.

Владата ја изразува својата блискост со граѓаните, градоначалниците и градовите на островот Искија и им се заблагодарува на спасувачите кои трагаат по жртвите, се наведува во изјавата на италијанската премиерка Џорџа Мелони, пренесе АП.

Префектот на Неапол, Клаудио Паломба, потврди дека во свлечиштето со наноси од кал и одрони, што се превртело по падината кон пристаништето Казамичола, загинале две лица, девојче чие тело денеска било извлечено од семејната куќа и 31-годишна жена, чие тело е пронајдено вчера.

Уште 10 лица се водат како исчезнати во Казамичола, кои се стравува дека се затрупани под кал и урнатини.

Покрај загинатите и исчезнатите, повредени се четири лица, а повеќе од 160 се раселени.

Многу силен дожд вчера пред зори предизвика огромно лизгање на земјиштето со наслаги од кал и свлечишта кои се превртеа по падината на котата кон пристаништето Казамичола, уривајќи се пред себе и носејќи цели згради и возила во морето.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе