349 гласа „за“ и 238 гласа „против“

Владата на Џонсон го „преживеа“ гласањето за доверба што самата го свика

Владата на британскиот премиер Борис Џонсон синоќа го „преживеа" гласањето за доверба што самата го свика.

Фото: ЕПА

Членовите на владејачката Конзервативна партија ги поддржаа министрите за да се избегне распишување избори, објави Ројтерс.

Опозициската Лабуристичка партија се заложи Џонсон, кој рече дека ќе се повлече, веднаш да биде сменет со привремен лидер додека Конзервативната партија не го избере неговиот наследник на почетокот на септември.

Лабуристите се залагаа да се одржи гласање за доверба и на владата и на Џонсон за да се обидат што е можно поскоро да го избркаат, но владата се спротивстави, велејќи дека тоа е непотребно бидејќи премиерот веќе кажал дека ќе замине, наведе Ројтерс.

Конзервативците наместо тоа предложија гласање за доверба на владата, која „преживеа“ со 349 гласа „за“ и 238 гласа „против“.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Сведоци сме деновиве на сензационална приказна за некаков американски тим кој, внимавајте, агресивно ќе ловел корупција во Македонија.

повеќе

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе