Вирусот ги „вкотви“ грчките морнари, поради пандемијата немаат работа

Здравствените работници и морнарите во Грција стапија вчера во дводневен штрајк барајќи зголемување на заработките и надомест за невработените, како и заштита на социјалните права кои се загрозени поради владините мерки во борбата против пандемијата на коронавирусот.

EPA-EFE

Бродовите се вкотвени во пристаништата на континенталниот дел на Грција поради дводневниот штрајк на повик на синдикатите со што се прекинати врските со островите.

Синдикатот во соопштение бара заштита на невработените кои долго чекаат работа, зголемување на надоместот за невработените и зголемување на заработката.

Стотици лекари и медицински работници протестираа вчера во Атина и други градови, откако нивниот синдикат повика на штрајк.

„Не ја користете пандемијата за да ги загрозите нашите социјални права“, порача синдикатот.

Лекарите бараат „масовно вработување“ и вклучување на приватните клиники во борбата со сè поголемиот број заболени од вирусот, особено во атинскиот регион Атика откако, според експертите, 85 отсто од капацитетите на единиците за реанимација се пополнети.

Во Грција досега се регистрирани 6.300 починати од компликации со коронавирусот и тоа најмногу во последните месеци.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе

Отворено писмо до претседателот Пендаровски и  академска фела во Македонија.

повеќе