Венецуела и Куба жестоко ги критикуваа САД во ОН

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро, кого инспектори на Обединетите нации го обвинуваат дека е одговорен за „злосторства против човештвото“, во понеделникот го повика светот да се бори против „хегемонијата“ и „империјалистичките идеи“.

EPA-EFE

Критикувајќи го „светот на хегемонијата и империјализмот“, на видеоснимка во Генералното собрание на ОН на виртуелниот состанок со кој се одбележуваат 75 години постоење на светската организација, Мадуро истакна дека светот мора да биде „обединет“ во борбата со пандемијата.

„Венецуела се зазема за мултиполарен свет, за обновен состав на ОН, за состав кој ќе знае да го спроведува меѓународното право и да ги штити народите во светот“, истакна тој, критикувајќи ги американските напади врз Светската здравствена организација, не именувајќи ги Соединетите Американски Држави.

„Сега не е време за навредување и закани на СЗО, сега е време да се обединиме за негово добро“.

„Светот пред 75 години го победи фашизмот. Светот ќе ги победи и оние кои сакаат да наметнат хегемонија и империјалистички идеи, светот ќе го победи неофашизмот, ќе изгради нов свет без хегемонија, свет кој ќе му припаѓа на народот“, истакна венецуелскиот претседател.

Николас Мадуро утре треба повторно да одржи виртуелен говор во ОН, по повод годишното заседание на Генералното собрание на кое физички не присуствувал од 2018 година.

Претставувајќи ја Куба, и министерот за надворешни работи на карипската земја Бруно Родригез Парија ги критикуваше САД.

„На 75-годишнината на ОН на мултилатералноста и меѓународното право му се закануваат најголемите светски сили. Неодговорното однесување на САД е најголемата закана за мирот и меѓународната безбедност“, кажа тој.

„Изгледа дека (САД) се во војна со планетата и со нејзините жители“, се пожали тој, критикувајќи ја „економската, трговска и финансиска блокада“ која Вашингтон ја воведе на неговата земја.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе