„Одредбата ќе се спроведува од 16 јануари, а донесена е со цел контрола на посетителите, особено во време на сезоната“, кажа туристичката аналитичарка Симоне Вентурини.
Локалното население веќе подолго време ја критикува градската управа поради масовниот туризам, поради што се создава огромна гужва околу најпопуларните венециски знаменитости, а и движењето низ тесните градски улици е отежнато.
Пред пандемијата беше вообичаено градот дневно да го посетат и над 100 илјади посетители. Градските власти сега сакаат да се пресметаат со еднодневните излетници и посетителите од крузерите, кои главно не придонесуваат многу на локалната економија.
Жителите на покраината Венето, луѓето родени во Венеција и сите кои имаат резервирано сместување во градот нема да мора да купуваат билет.
Цената на влезниците ќе варира до најмногу десет евра по лице, а оние кои ќе резервираат порано ќе платат помала цена.
Посетителите пред доаѓањето ќе мора да резервираат влезници на интернет, а оние кои ќе влезат во градот без влезница ќе платат казна меѓу 50 и 100 евра.
Од септември, цените на влезниците за градските музеи и водените автобуси, таканаречените вапорети, ќе бидат поголеми, освен ако не се резервираат онлајн.
Со овој потег властите сакаат посетителите да ги навикнат на планирање на патувањето, пред да се воведат влезниците во јануари.