Велика Британија протера двајца белоруски дипломати како одговор на истата мерка на Минск

Британскиот министер за надворешни работи Доминик Рааб објави дека Велика Британија протерува двајца белоруски дипломати, реагирајќи на слична мерка што Белорусија ја спроведе против двајца британски дипломати претходниот ден.

Фото: ЕПА

„Велика Британија нема да биде заплашена со обидите на режимот (на претседателот Александар) Лукашенко да не спречи да зборуваме за наместените избори и срамното насилство врз белорускиот народ“, рече Доминик Рааб на Твитер.

„Денес протеравме двајца белоруски дипломати како одговор на неоправданото протерување на британските дипломати“, рече тој.

Вчера Белорусија прогласи двајца британски дипломати за непожелни, поради нивните „активности што не се во согласност со статусот на дипломати“. Велика Британија веднаш реагираше и го оцени протерувањето на своите двајца дипломати од Белорусија како целосно неоправдано и ја осуди позицијата на претседателот Александар Лукашенко, кој според Лондон треба да „прифати слободни и фер избори“, наместо да се справува со оние кои укажуваат на неговата „репресија“.

Белорусија е погодена со политичка криза од претседателските избори на 9 август, кога низ целата земја започнаа масовни антивладини протести, иницирани од официјалните резултати од гласањето според кои Лукашенко освои повеќе од 80 проценти од гласовите.

Противниците на Лукашенко тврдат дека изборите биле наместени.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе

Можеби по нас ќе дојдат некои нови клинци што прегрнати ќе го слушаат мртвиот Џоле и ќе го разберат подобро отколку што го разбравме ние на кои со години жив на глуви уши ни пееше за љубовта.

повеќе