Велика Британија предупредува дека Русија планира да постави проруски лидер во Украина

Велика Британија го обвини Кремљ дека се обидува да постави проруски лидер во Украина, тврдејќи дека руски разузнавачи во рамки на планот за инвазија веќе биле во контакт со поранешни украински политичари.

Фото: ЕПА

Британското Министерство за надворешни работи не обезбеди докази за своите обвинувања кои доаѓаат во време на зголемени тензии меѓу Русија и Западот, бидејќи Русија натрупува воени сили во близина на границата со Украина и тврди дека не планира да изврши напад врз поранешната советска република.

Министерството соопшти дека има информации според кои руската влада сака да постави проруски лидер во Киев додека размислува дали да ја нападне и окупира Украина, како и дека за потенцијален кандидат за лидер на проруско водство се смета поранешниот украински пратеник Јевхен Муриев.

Министерката за надворешни работи Лиз Трус рече дека информациите објавени денеска го осветлуваат обемот на руската активност осмислена да ја срушат Украина и обезбедува увид во размислувањата на Кремљ.

„Нема да го толерираме заговорот на Кремљ да постави проруско раководство во Украина“, напиша Трус на Твитер, порачувајќи дека воен упад во Украина би бил огромна стратешка грешка со сериозна цена.

Британските обвинувања доаѓаат еден ден откако американскиот државен секретар Антони Блинкен и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров не постигнаа поголем напредок во преговорите за Украина во Женева, иако се согласија да ги продолжат разговорите за да се обидат да ја решат кризата што предизвика страв од воен конфликт.

Русија, која собра десетици илјади војници во близина на границата со Украина и испрати војници во Белорусија на заеднички воени вежби, бара од НАТО да вети дека нема да ја прими Украина во алијансата и дека ќе го прекине своето проширување на исток. НАТО ги отфрли барањата на Русија.

Западните земји стравуваат дека Москва планира нов напад врз Украина, која ја нападна во 2014 година и го анектираше Крим.

Русија го негира ова, но вели дека може да преземе неодредена воена акција доколку не ѝ се исполнат безбедносните барања.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Економската криза е лоша во сите сфери на живеењето, но од неа можеме и да научиме по нешто.

повеќе

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе