Велика Британија и сојузниците разговараат за вооружување на Молдавија

Британската министерка за надворешни работи Лиз Трус откри дека Велика Британија започнала разговори со своите меѓународни сојузници за испраќање модерно оружје во Молдавија за да ја заштити од Русија.

Фото: ЕПА

Таа рече дека земјата која се наоѓа југозападно од Украина, сака да ја види опремена според стандардите на НАТО.

Молдавија во моментов не е членка на НАТО и постои загриженост дека таа би можела да биде идна цел на Владимир Путин по конфликтот во Украина.

„Путин беше целосно јасен за неговите амбиции да создаде поголема Русија, само затоа што неговите обиди да го заземе Киев беа неуспешни не значи дека тој ги напушти тие амбиции“, рече Трус за Телеграф.

Минатиот месец заменикот премиер на Молдавија предупреди дека земјата се соочува со „многу опасен нов момент“ и рече дека силите се обидуваат да ги поттикнат тензиите по серијата експлозии во отцепениот регион Придњестровје.

Се зголемуваат стравувањата дека Молдавија и Придњестровје би можеле да бидат вовлечени во украинскиот конфликт. Регионот во источна Молдавија во кој претежно се зборува руски е под контрола на проруските сепаратисти од 1992 година по кратката војна кога Москва интервенираше на страната на бунтовниците.

Обединетото Кралство, САД, Франција и Германија разговараа за тоа дали да потпишат форма на безбедносна гаранција за Украина, да се продолжи со обезбедување оружје и поддршка на долг рок.

„Она на што работиме во моментов е заедничка комисија со Украина и Полска за надградба на украинската одбрана до стандардите на НАТО. Така ќе откриеме како изгледа тоа што им треба на Украинците. Прашањето тогаш е како да го одржувате тоа со текот на времето", додаде Трус.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе