Според рускиот бизнис весник

Ведомости: Путин подготвува одговор на ограничувањето на цените на нафтата

Русија на одлуката на Г7 и Европската Унија за ограничување на цените на руската нафта би можела да одговори со забрана за продажба или највисок дозволен попуст, јавува рускиот бизнис весник Ведомости.

EPA-EFE

Групата седум индустриски најразвиени западни земји, Европската Унија и Австралија и од понеделникот ја ограничија цената на руската нафта на 60 долари по барел, заканувајќи им се со санкции на осигурувачите и превозниците кои ќе пружаат услуги за поскапи пратки. Кремљ и руската влада сега разгледуваат три можни одговори, вклучувајќи забрана за продажба на нафта на сите земји кои го поддржаа ценовниот лимит, јави Ведомости, повикувајќи се на два извори од руската влада.

Забраната би била директна и за продажба преку посредници, наведува рускиот весник. Друга опција претставува забрана за извозот заглавен со договори кои го вклучуваат ценовниот лимит, и тоа за сите земји одредишта. Според третата опција, извозот на руската нафта Уралс би бил дозволен само со пропишаниот максимален попуст на меѓународните референтни цени, јави весникот.

Потпретседателот на руската влада Александар Новак кажа во вторникот дека новите уредби за извозот ќе стапат на сила до крајот на годината. Претходно изјави дека Русија би можела да го намали производството на нафта, но не многу.

Блумберг извести дека Русија размислува и за одредување најниска дозволена цена на нафтата во меѓународната продажба.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе

Трагично е што воопшто треба да се бориме за зачувување на институција која отсекогаш била стожер на културниот живот во Македонија.

повеќе