Ватикан започна со вакцинирање на римските бездомници

Ватикан започна да нуди бесплатни вакцини против ковид-19 на бездомниците во Рим.

Фото: ЕПА

Вакцинирањето се одвива во атриумот на Павле IV, голем аудиториум каде се одржува неделната папска аудиенција, која во голема мерка не била користена поради пандемијата на коронавирусот.

Вакцинацијата била надгледувана од кардиналот Конрад Крајевски (57), полски лидер на Канцеларијата на папски добротворни организации, кој има водечка улога во грижата за римските бездомници.

Околу 25 бездомници сместени во установи водени од добротворната канцеларија ги добиле своите први дози, а уште повеќе групи ќе бидат вакцинирани во наредните денови, се вели во соопштението.

Минатата недела и папата Франциско (84) и поранешниот папа Бенедикт (93) ги примија своите први дози од вакцината.

Папата Франциско на телевизиско интервју претходно овој месец рече дека сите треба да се вакцинираат.

„Тоа е етички избор затоа што се коцкате со своето здравје, со својот живот, но исто така се коцкате и со животите на другите“, рече тој денес за италијанската телевизика Канал 5.

Под власта на Франциско, Ватикан основа бројни организации кои им помагаат на римските бездомници, вклучувајќи клиника и установи каде што бездомниците можат да се искапат и да ја потстрижат косата.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе