Вашингтон вели дека новиот одговор на Иран на нуклеарните преговори не е „конструктивен“

Иран рано на 2 септември испрати писмен одговор на американските предлози што имаат за цел заживување на неговиот нуклеарен договор од 2015 година со светските сили, иако Вашингтон фрли сомнеж на понудата на Техеран.

Фото: ЕПА

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Насер Канани, во соопштение рече дека „испратениот текст (од Иран) има конструктивен пристап со цел финализирање на преговорите“. Тој не наведе детали за содржината на текстот.

Иранските државни медиуми соопштија дека одговорот на Техеран бил испратен до високиот претставник за надворешни работи на Европската Унија (ЕУ) Жозеп Борел, кој ги координираше преговорите.

По 16 месеци индиректни преговори меѓу Иран и Соединетите Американски Држави, Борел во август рече дека ЕУ дала последна понуда за излез од ќор-сокакот за заживување на застарениот нуклеарен договор.

Стејт департментот потврди дека го добил одговорот на Иран преку ЕУ.

„Го проучуваме и ќе одговориме преку ЕУ, но за жал тоа не е конструктивно“, соопшти Стејт департментот, без да образложи што содржи иранскиот предлог.

ЕУ служеше како посредник во индиректните преговори откако тогашниот претседател Доналд Трамп еднострано ги повлече Соединетите Држави од нуклеарниот договор во 2018 година.

Според договорот, Иран го намали збогатувањето ураниум во замена за укинување на економските санкции. Договорот предвидуваше дека Иран може да има само 300 килограми ураниум збогатен до 3,67 отсто под постојан мониторинг на Меѓународната агенција за атомска енергија (ИАЕА).

Сепак, најновото јавно пребројување на ИАЕА покажа дека Иран сега има залихи од околу 3.800 килограми збогатен ураниум. Исто така, Иран сега збогатува ураниум до 60 проценти чистота, предупредија некои експерти, додавајќи дека Иран има доволно 60 проценти збогатен ураниум за да го преработи во гориво за најмалку една нуклеарна бомба.

Иран инсистира дека нема намера да развива нуклеарно оружје. Иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амир-Абдолахиан изјави претходно оваа недела дека на Техеран му се потребни посилни гаранции од Вашингтон за да го заживее договорот.

Тој, исто така, рече дека ИАЕА треба да ги напушти своите „политички мотивирани истраги“ за нуклеарната работа на Техеран.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе